Лоши вести за навивачите на Тотенхем. Англискиот клуб денеска потврди дека Џејмс Медисон се здобил со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти за време на пријателскиот дуел со Њукасл.
Веднаш по незгодата, Медисон беше изнесен од терен на носилки, а денеска стигна и официјалната потврда – повредата е сериозна и ќе го оддалечи од терените во наредните седум до девет месеци.
Тоа значи дека креативниот играч за врска речиси сигурно ќе пропушти поголем дел од сезоната 2025/26, која само што започнува.
Менаџерот Томас Франк сега е пред сериозен предизвик – да го реорганизира тимот без еден од своите најважни фудбалери уште пред стартот на првенството.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













