Ливерпул и Вулверхемптон в сабота ќе се сретнат на „Енфилд“ за првпат по трагичната смрт на Диого Жота. Заедно со маскотите, на терен ќе излезат и синовите на Жота, Динис и Дуартe.
„Енфилд“ оваа сабота ќе биде место на особено емотивен натпревар во Премиер – лигата. Ливерпул го пречекува Вулверхемптон, а тоа ќе биде првпат двата клуба за кои играл Диого Жота да се сретнат по неговата трагична смрт во јули. Шест месеци по несреќата во која животот го загуби и неговиот брат, Андре Силва, сеќавањето на омилениот Португалец ќе биде во прв план.
Пред почетокот на натпреварот, на тревникот на „Енфилд“, заедно со играчите, ќе излезат и синовите на Жота, Динис и Дуартe. Овој трогателен момент е организиран за да се оддаде почит на нивниот татко, а момчињата ќе се приклучат и на маскотите кои ги следат тимовите. На стадионот ќе биде и сопругата на Жота, Руте Кардозо, која со децата веќе присуствуваше на првите домашни натпревари на двата клуба во август, каде што навивачите ги пречекаа со топол и громогласен аплауз.
Трагедијата која ја потресе фудбалската јавност се случи на почетокот на јули во Шпанија, кога Жота патуваше со братот кон траект за Англија за навреме да се приклучи на подготовките на Ливерпул за новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













