Суперѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, испиша нови страници во историјата на светските првенства. Со настапот во четвртфиналето против Мароко, напаѓачот го одигра својот 20. натпревар на мундијалите, достигнување со кое постави дури три историски рекорди.
Со овој настап Мбапе официјално се израмни со легендарниот голман и долгогодишен капитен на Франција, Хуго Лорис, кој досега го држеше рекордот за најмногу одиграни натпревари за „триколорите“ на светските првенства. Двајцата сега имаат по 20 настапи на мундијалите.
No French player has made more World Cup appearances than Kylian Mbappé (20).
— Squawka (@Squawka) July 9, 2026
He equals Hugo Lloris' record. 👏 https://t.co/0hYwK7zAmM
Уште поимпресивен е фактот што францускиот капитен до ова достигнување стигна на само 27 години и 201 ден, со што стана најмладиот фудбалер во историјата кој одиграл 20 натпревари на светските првенства.
Истовремено, статистиката открива уште едно уникатно достигнување. Сите 20 мундијалски настапи на Мбапе се остварени под водство на селекторот Дидие Дешамп, што претставува апсолутен рекорд во светскиот фудбал за најмногу натпревари на едно светско првенство што еден играч ги одиграл под водство на ист селектор.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













