Килијан Мбапе и официјално е изоставен од списокот на играчи за вечерашното „Ел Класико“, што предизвика вистински потрес во мадридската јавност.
Набрзо по потврдата дека Мбапе нема да биде во комбинација за натпреварот, „Марка“ откри дека сите во Реал Мадрид биле изненадени од целиот случај.
Имено, Мбапе вчера тренирал со остатокот од тимот, но пет минути пред крајот побарал помош од лекарскиот тим откако ненадејно застанал и почувствувал болка.
„Марка“ наведува дека во клубот владеело изненадување, бидејќи францускиот напаѓач претходно ги поминал сите медицински прегледи и добил зелено светло за враќање на терените.
Коментарите на социјалните мрежи се поделени, иако мнозинството верува дека Мбапе свесно „исценирал“ нова повреда, бидејќи не сакал да настапи на вечерашниот меч во кој Барселона може и официјално да ја обезбеди шампионската титула.
Воедно, мадридските извори потсетуваат и на петицијата за заминување на Килијан Мбапе од клубот, која, верувале или не, достигнала неверојатни 73 милиони потписи.
Натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид е закажан за 21 часот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













