Connect with us

Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад

Настапот на Килијан Мбапе на саботното домашно соочување на Реал Мадрид против Реал Сосиедад е неизвесен. Францускиот напаѓач денеска не тренираше со екипата, туку работеше индивидуално во фитнес-салата, исто како и претходниот ден.

Причината е непријатност во левото колено, проблем што го следи уште од крајот на минатата година. Според „АС“, конечната одлука дали Мбапе ќе биде вклучен во составот ќе биде донесена утре – можно е стручниот штаб да му даде кратка пауза за целосно закрепнување.

И покрај физичките тегоби, Мбапе е во одлична форма. Ако се изземе елиминацијата во Купот на кралот против Албасете, тој настапи на сите шест натпревари на Реал по Суперкупот и постигна девет голови. Од стартот на сезоната пропушти само четири средби.

Добри вести се очекуваат околу Раул Асенсио, кој денеска не тренираше поради грип. Во клубот веруваат дека дефанзивецот утре ќе се врати на тренинзите и ќе му биде на располагање на тренерот Алваро Арбелоа за саботниот меч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови