Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, не го криеше разочарувањето по поразот од Англија со 6-4 во натпреварот за третото место на Светското првенство. Иако постигна два гола и стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите, француската ѕвезда призна дека тоа воопшто не му е утеха.
Англија имаше убедлива предност од 4-0 по првото полувреме, Франција успеа да се врати на 4-3 и пропушти неколку одлични можности за израмнување, но на крајот мораше да се помири со поразот.
„Имаше две сосема различни полувремиња. Разбирам зошто некои велат дека во првиот дел изгледавме како да се потсмеваме и дека не го почитувавме дресот на Франција, но би рекол дека едноставно реагиравме човечки. За жал, на ова ниво не смееме да си дозволиме такво нешто. Целосно се исклучивме од натпреварот, а Англичаните нè разбудија. Потоа го покажавме она што знаеме – го добивме второто полувреме, но тоа не беше доволно за конечен успех“, изјави Мбапе.
Тој истакна дека најмногу жали поради селекторот Дидие Дешамп, кој со овој натпревар ја заврши својата мисија на клупата на Франција.
„Најмногу ми е жал за селекторот. Сакавме да направиме нешто за него, но првото полувреме остава впечаток дека го разочаравме. Тоа не беше нашата намера. Таков е фудбалот. Му благодариме за сè што направи за француската репрезентација. Овој натпревар нема да ја наруши легендата на Дидие Дешан“, порача францускиот капитен.
Иако со двата гола стигна до вкупно 22 погодоци на светските првенства и го надмина Лионел Меси на вечната листа, Мбапе истакна дека индивидуалните рекорди не му значат многу.
„Сигурен сум дека Меси ќе постигне гол во финалето. Јас само се обидувам да ѝ помогнам на мојата репрезентација да победува. Убаво е што сум најдобар стрелец во историјата на Светските првенства, тоа е добро за моето наследство, но многу повеќе би сакал да не го имам тој рекорд, а вечерва да играм во финалето. Тоа е единственото што ми е важно“, изјави Мбапе.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













