Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе го носи дресот со број „10“ во новата сезона, откако легендата Лука Модриќ официјално го напушти клубот. Информацијата ја потврдуваат повеќе шпански и меѓународни медиуми, вклучувајќи го и „АС“, кој открива детали за целата позадина на оваа симболична промена.
Во својата прва сезона на „Сантијаго Бернабеу“, Мбапе го носеше дресот со број „9“, уште еден иконски број во историјата на клубот. Откако трансферот беше објавен минатата година, интересот за неговиот дрес достигна невидени размери – „Адидас“ едвај ја покри побарувачката, а приходите од продажбата беа рекордни.
Kylian Mbappé will wear the No. 10 shirt at Real Madrid next season, a source told ESPN 🔥 pic.twitter.com/OqO6IsN9Fb
— ESPN FC (@ESPNFC) July 22, 2025
Уште во мај, клубот се консултирал со Мбапе дали би прифатил да ја замени „деветката“ со „десетката“, што играчот доброволно го прифатил. Бројот „10“ во Реал има богата историја – го носеле имиња како Луиш Фиго, Месут Озил, Весли Снајдер, Кларенс Сидорф, Робињо, Михаел Лаудруп и Роберт Просинечки.
Интересно е што Мбапе и во француската репрезентација го носи токму тој број, па од сега и во клубот и во националниот тим ќе настапува со истиот симбол.
Доколку Мбапе не се согласел на промената, бројот „10“ најверојатно ќе му бил понуден на Арда Ѓулер или на Џуд Белингем. Сега, останува да се одлучи кој ќе ја добие „ослободената“ деветка. Главни кандидати се Ендрик или младата сензација Гонзало Гарсија, кој импресионираше на Светското клупско првенство.
Со оваа промена, Реал не само што го нагласува статусот на Мбапе како водечка фигура во новата ера на клубот, туку и отвора нова маркетиншка етапа, која веќе ветува милионски приходи од продажба на дресови со новиот број.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













