По еден месец од бурното судско рочиште, донесена е пресуда во спорот меѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач, кој го тужеше својот поранешен клуб поради неисплатени плати и бонуси по истекот на договорот во летото 2024 година, излезе како победник. Работниот суд во Париз му наложи на ПСЖ да исплати речиси 61 милион евра, пишува „Ле Паризиен“.
„Ова е победа“, изјави Фредерик Касеро, една од адвокатките на Килијан Мбапе.
Судот, исто така, наложи привремено извршување на пресудата, што значи дека ПСЖ мора веднаш да го исплати наведениот износ по приемот на одлуката.
„Оваа пресуда потврдува дека преземените обврски мора да се почитуваат. Таа воспоставува едноставна вистина: дури и во индустријата на професионалниот фудбал, работното право ги обврзува сите“, се наведува во соопштението испратено од адвокатите на играчот.
„Господинот Мбапе, од своја страна, педантно ги почитуваше своите спортски и договорни обврски седум години и до последниот ден. Се обиде сè за да го избегне спорот, дури и ја повлече тужбата за вознемирување со цел смирување на ситуацијата. Вкупно, повеќе од 18 месеци бараше исплата на своите плати и бонуси.“
„Оваа одлука означува важен чекор, надвор од неговиот личен случај, за сите играчи и вработени во секторот. Станува збор за победа на правото и почитувањето на обврските, а не за судир на личности“, заклучуваат тие.
Правниот тим на напаѓачот на Реал Мадрид првично побаруваше дури 263 милиони евра, барајќи, меѓу другото, преквалификација на неговиот договор од договор на определено во договор на неопределено време. За да стигнат до таа сума, адвокатите на Мбапе се повикуваа на незаконски отказ (44,6 милиони евра), морално вознемирување и прикриена работа (двапати по 37,5 милиони евра), како и на нелојално извршување на договорот за работа (19 милиони евра).
Во центарот на спорот, сепак, беа неисплатените плати и бонуси во износ од 55 милиони евра, кои ѕвездата на Реал ги побаруваше по заминувањето од Париз во летото 2024 година. Откако не успеа да ги добие преку спортските тела, Мбапе ја побара правдата пред работниот суд.
Парижани, чие противтужбено барање беше одбиено, се одлучија за стратегија на контранапад со вртоглаво побарување од 440 милиони евра. Тие побараа 20 милиони за нарушување на угледот, 60 милиони поради злонамерно извршување на договорот од август 2023 година, 180 милиони поради прикривање на истиот договор, како и дополнителни 180 милиони поради загубена можност за трансфер на играчот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













