Килијан Мбапе стана најмладиот фудбалер во историјата што стигнал до 100 настапи во Лигата на шампионите. Францускиот напаѓач ја достигна оваа граница на 27-годишна возраст, во средата на гостувањето на Реал Мадрид кај Рома, кое заврши со победа на шпанскиот гигант од 4-3.
Претходниот рекорд го држеше Лионел Меси, кој до 100 настапи во елитното европско натпреварување стигна на 28 години, во септември 2015 година, исто така на натпревар против Рома.
На дуелот на „Олимпико“, Мбапе беше во почетниот состав на Реал Мадрид како централен напаѓач и го постигна првиот гол за својот тим.
Французинот дебитираше во Лигата на шампионите во септември 2016 година, кога имаше само 17 години и го носеше дресот на Монако.
Минатата сезона Мбапе беше најдобар стрелец во натпреварувањето со 15 погодоци, а воедно го забележа и вториот најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите. Против Олимпијакос постигна три гола за само шест минути и 42 секунди.
Со погодокот против Рома, Мбапе стигна до вкупно 71 гол во најсилното европско клупско натпреварување и продолжува да испишува нови страници во својата кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













