Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го совладаа Мароко со 2-0 во четвртфиналниот натпревар во Бостон и станаа првата репрезентација што обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот.
Французите уште од првата минута ја имаа контролата врз случувањата на теренот и создадоа повеќе можности пред голот на Мароканците. Најголемата шанса во првото полувреме ја имаа во 28. минута, кога по прекршок врз Килијан Мбапе беше досуден пенал. Напаѓачот на Реал Мадрид самиот ја презеде одговорноста, но Јасин Боно со одлична интервенција го одбрани неговиот удар.
Мароканскиот голман беше најзаслужен што неговата селекција замина на одмор со „нула“, бидејќи покрај пеналот успеа да запре уште неколку опасни обиди, а еднаш Французите ја погодија и гредата.
Сепак, во вториот дел фаворитот ја материјализираше својата надмоќ. Во 60. минута Мбапе ја исправи грешката од првото полувреме и со одличен погодок донесе водство за Франција.
Само шест минути подоцна, Осман Дембеле ја запечати победата со втор гол и ги реши сите дилеми околу патникот во полуфиналето.
Мароко не успеа да најде начин да се врати во игра, па Франција заслужено го продолжи својот поход кон трофејот.
Во полуфиналето, избраниците на Дидие Дешамп ќе се сретнат со победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Шпанија и Белгија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













