Connect with us

Мбапе и Баркола го урнаа Сенегал (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Франција со победа го стартуваше походот на Светското првенство. Селекцијата на Дидие Дешамп славеше против Сенегал со 3-1.

Сенегалците одолеаја во првото полувреме, но потоа на сцена стапи Килијан Мбапе. Тој го отвори резултатот во 66.минута, а со овој погодок стана и најдобар стрелец во историјата на националниот тим, израмнувајќи се со Оливие Жиру со по 67 голови. Потоа и го надмина со уште еден гол до крајот на мечот.

Вториот погодок за Франција беше дело на Бредли Баркола во 82.минута од дуелот.

Мбапе во судиското продолжение постигна уште еден гол, а почесниот гол за Сенегал беше дело на Мбаје.

Кога се мундијалските голови во прашање, Мбапе сега е во друштво на Герд Милер со 14 голови, а пред него се само двајца, Бразилецот Роналдо со 15 погодоци и Мирослав Клосе кој е рекордер со 16 голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови