Реал Мадрид ја победи Севилја со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и на најдобар можен начин го прослави 27. роденден на Килијан Мбапе, кој со погодокот од пенал го израмни рекордот на Кристијано Роналдо за најмногу голови постигнати во една календарска година за „кралскиот клуб“.
Домаќините не доминираа во сите сегменти од мечот, но сепак стигнаа до триумф благодарение на ефективноста пред голот. Севилја создаде неколку опасни моменти, но Тибо Куртоа блескаше и ги неутрализираше сите обиди на гостите.
Реал поведе во 38. минута, кога Џуд Белингам со глава реализираше по прецизен центаршут на Родриго. Доминацијата на домаќините се почувствува уште повеќе во второто полувреме, особено по исклучувањето на Маркао во 68. минута. Финалниот печат на победата го стави Мбапе во 86. минута со сигурен пенал, за конечни 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













