Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го повтори рекордот на Кристијано Роналдо за најмногу голови во главната (групната) фаза на Лигата на шампионите. Французинот постигна два гола во убедливата победа на својот тим од 6-1 против Монако.
По овие голови, Мбапе веќе има импресивни 11 погодоци во 7 одиграни кола од турнирот досега. На овој начин тој го израмни достигнувањето на Кристијано Роналдо, кој во сезоната 2015/16 постигна ист број голови за Реал Мадрид во групната фаза.
Важно е да се напомене декa Роналдо го постави рекордот во стариот формат на турнирот, кој вклучуваше 6 натпревари во групната фаза, Мбапе го оствари тоа во новиот формат со 8 натпревари во главната фаза.
Всушност, француската ѕвезда ги постигна своите 11 голови само во 6 одиграни натпревари, бидејќи го пропушти мечот од шестото коло против Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













