Connect with us

Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив

Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега ненадминат е Жист Фонтен, кој на Мундијалот во 1958 година постигна неверојатни 13 гола.

Останува уште малку до почетокот на Мундијалот. Репрезентациите ќе се борат за титулата светски шампион, а напаѓачите за признанието кое му припаѓа на најдобриот голгетер на турнирот.

Дали знаете кои фудбалери биле најдобри стрелци на Светските првенства, од првото па сè до последното издание? Сè започна со Гиљермо Стабиле, а засега последен на листата е Килијан Мбапе.

Најдобри стрелци на Светските првенства:

  • 1930 – Гиљермо Стабиле – 8 гола
  • 1934 – Олджрих Неједли – 5 гола
  • 1938 – Леонидас – 7 гола
  • 1950 – Адемир – 8 гола
  • 1954 – Шандор Кочиш – 11 гола
  • 1958 – Жист Фонтен – 13 гола
  • 1962 – Дражен Јерковиќ, Гаринча, Вава, Лионел Санчес, Валентин Иванов и Флоријан Алберт – по 4 гола
  • 1966 – Еузебио – 9 гола
  • 1970 – Герд Милер – 10 гола
  • 1974 – Гжегож Лато – 7 гола
  • 1978 – Марио Кемпес – 6 гола
  • 1982 – Паоло Роси – 6 гола
  • 1986 – Гери Линекер – 6 гола
  • 1990 – Салваторе Скилачи – 6 гола
  • 1994 – Олег Саленко и Христо Стоичков – по 6 гола
  • 1998 – Давор Шукер – 6 гола
  • 2002 – Роналдо – 8 гола
  • 2006 – Мирослав Клозе – 5 гола
  • 2010 – Диего Форлан, Томас Милер, Весли Снајдер и Давид Виља – по 5 гола
  • 2014 – Хамес Родригез – 6 гола
  • 2018 – Хари Кејн – 6 гола
  • 2022 – Килијан Мбапе – 8 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови