Капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе, откри интересни детали од атмосферата во националниот тим во пресрет на Светското првенство, истакнувајќи дека играчите на Франција навивале за триумф на Пари Сен Жермен во финалето од Лигата на шампионите.
„Веднаш им честитав на момците кога се собравме во Клерфонтен. Тоа беше важно, особено затоа што имавме петмина фудбалери од ПСЖ во репрезентацијата. Жал ми е за Вилијам Салиба, но полесно е да утешиш еден играч отколку петмина. Искрено, посакувавме ПСЖ да победи бидејќи така ќе избегневме дополнителни разочарувања во соблекувалната“, изјави Мбапе.
Тој додаде дека успехот на парискиот клуб позитивно влијаел и врз атмосферата во францускиот табор.
„Тоа е одлично за луѓето од Париз, а и за нас. Многу полесно е да се работи кога околу тебе има среќни и мотивирани соиграчи. Секако, му дадовме поддршка на Салиба бидејќи знаеме колку боли пораз во финале на Лигата на шампионите. Но, тој веќе е целосно фокусиран на Светското првенство“, нагласи францускиот капитен.
Мбапе се осврна и на можните ривали на Мундијалот, потенцирајќи дека Франција ќе биде подготвена за секој предизвик.
„Без разлика дали ќе играме против африканскиот шампион или повторно ќе се сретнеме со Аргентина, нашиот пристап останува ист – максимална борба и желба за победа“, порача напаѓачот.
На крајот, ѕвездата на Франција јасно ја истакна својата најголема цел.
„Зад мене се два големи турнири на кои оставив силен белег, но единственото што го посакувам е на 20 јули да го кренам пехарот. Ако Франција стане светски шампион, а јас не постигнам ниту еден гол? Веднаш потпишувам на тоа. Сепак, секогаш е подобро кога и головите се дел од приказната“, заклучи Мбапе.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













