Аталанта официјално го објави назначувањето на Маурицио Сари за нов шеф на стручниот штаб. Од клубот не ги открија деталите од договорот, но според информациите, тој ќе трае до летото 2029 година, а Сари ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
За 67-годишниот стратег ова ќе биде петти клуб во Серија А. Претходно ги водеше Емполи, Наполи, Јувентус и Лацио во два наврати. Неговиот најголем успех во италијанскиот шампионат е освојувањето на Скудетото со Јувентус во сезоната 2019/20.
Покрај тоа, Сари ја освои и УЕФА Лига Европа 2018/19 со Челси, во неговата единствена сезона надвор од Италија.
Во изминатата сезона искусниот тренер го предводеше Лацио до деветтото место во Серија А, а стигна и до финалето на Купот на Италија, каде што неговиот тим загуби со 0:2 од Интер.
Од друга страна, Аталанта ја заврши сезоната на седмото место под водство на разрешениот Рафаеле Паладино, па во следната сезона ќе настапува во Конференциската лига на УЕФА.
Набргу по завршувањето на сезоната се појавија информации дека Наполи е заинтересиран за Маурицио Сари, но на крајот тој постигна договор со Аталанта. Во меѓувреме, неговиот поранешен клуб се договори со Масимилијано Алегри.
Во Бергамо, Сари повторно ќе соработува со новиот спортски директор Кристијано Џунтоли, со кого веќе успешно работеше во редовите на Наполи.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













