Connect with us

Матијс де Лихт се збуни за кој клуб настапува (ВИДЕО)

На прес-конференцијата по вчерашниот натпревар меѓу Холандија и Австрија, Матијас Де Лихт зборуваше за печатот и направи мал лапсуз.


Говорејќи за натпреварот, Де Лихт рече дека тој бил фудбалер на Ајакс, а новинарот морал да го потсети дека тој всушност бил член на Јувентус.


„Моравме да играме долги топки често, како играч на Ајакс, ми беше чудно што морав да го правам тоа цело време “, започна Холанѓанецот.


„Патем, вие играте за Јувентус“, го потсети новинарот со смеа.


„Да, да, како поранешен играч на Ајакс“, се поправи подоцна фудбалерот.


Холандија славеше против Австрија со 2-0 и се пласираше во осминафиналето на ЕВРО.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови