Легендата на светскиот фудбал Лотар Матеус упати жестоки критики кон ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Во изјава за германскиот весник „Билд“, 65-годишниот Матеус кој е актуелен аналитичар на „Скај Спортс“ направи остра анализа на ситуацијата околу Бразилецот и неговото влијание врз атмосферата во мадридскиот клуб.
Матеус смета дека Реал Мадрид изгледа многу подобро кога Винисиус не е во составот, посочувајќи ги и претстојните одлуки на тренерот Жозе Мурињо. Како аргументи ги издвои драматичната победа од 3-4 на гостувањето кај Рома во Рим, кога Бразилецот беше заменет, како и триумфот над Барселона на гостински терен, прв по неколку години.
Според германската легенда, однесувањето на напаѓачот има негативно влијание врз целиот тим.
„Тој е конфликтна личност и ја нарушува атмосферата во екипата. Неговиот јавен имиџ воопшто не му помага на тимот. Затоа ми е драго што не се најде меѓу првите десет во изборот за „Златната топка“. Хари Кејн, на пример, е негова целосна спротивност – вистински џентлемен кој секогаш пристапува со разбирање и трпение. Истото не може да се каже за Винисиус Жуниор“, изјави Матеус.
Поранешниот германски репрезентативец додаде дека клубови како Баерн Минхен и Барселона немаат слични внатрешни проблеми. Според него, присуството на Бразилецот на теренот е проследено со непотребно изразено его и несоодветен говор на телото, додека без него Реал демонстрира поголема дисциплина и тимско единство.
Матеус упати и директна порака до претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, барајќи од него да преземе конкретни мерки.
„Се надевам дека во интерес на клубот претседателот наскоро ќе излезе со јасен став за Винисиус Жуниор – било преку официјално предупредување или со тоа што ќе му дозволи на Мурињо да го остави на клупата. Дури и кога е во одлична физичка форма, треба да остане меѓу резервите, бидејќи неговото однесување им штети и на тимот и на институцијата“, порача Германецот.
Во моментов, крилниот напаѓач отслужува суспензија од четири натпревари по директниот црвен картон против Вилјареал, кога го повлече за коса Салиба. Бразилецот веќе ги пропушти дуелите со Севилја и Барселона, а нема да биде на располагање ниту за претстојниот натпревар против Сантандер.
Најголемиот проблем за Винисиус е тоа што Реал бележи одлични резултати во негово отсуство, додека неговата замена, Јан Диоманде, со добрите настапи сè посериозно се наметнува во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













