Connect with us

Матеус Лемос на крајот заврши во Брегалница

Брегалница го потврди доаѓањето на новото засилување за претстојната сезона – бразилскиот интернационалец Матеус Да Силва Лемос.


​29-годишното лево крило од Рио де Жанеиро веќе добро ѝ е познато на македонската фудбалска публика. По настапите за Македонија ЃП и Вардар, како и краткиот престој во Шкендија Арачиново летово, Лемос се одлучи за сино-белиот дрес од Штип.


​Офанзивецот веќе една недела е во полн тренажен процес и веднаш му се става на располагање на шефот на стручниот штаб, Никола Кузманов.


​Пред да пристигне на македонските терени, Лемос во Бразил ги бранеше боите на Сан Жозе, Мауа, Комерсијал и Индепенденсија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови