Connect with us

Матеус ја откри следната трансферна цел на Баерн Минхен

Легендата на Баерн Минхен и германската репрезентација, Лотар Матеус, откри дека до него стигнале информации оти баварците внимателно ја следат ситуацијата со младиот крилен напаѓач на Хофенхајм, Базумана Туре.

„Слушнав дека Баерн покажува интерес за Туре од Хофенхајм. За мене, таков трансфер има логика. Туре веќе докажа дека поседува голем потенцијал. Како алтернатива на Луис Дијас, може постепено да се развива и да биде решение за иднината“, изјави Матеус за „Билд“.

Туре пристигна во Хофенхајм пред една година од Хамарби, а иако има само 19 години, веќе се наметнува како еден од најперспективните млади фудбалери во Бундес-лигата. Сезонава има ефект од два гола и седум асистенции на 19 настапи во сите натпреварувања.

Доколку Баерн реши конкретно да тргне по него, тоа би значело вложување во иднината и дополнително освежување на офанзивната линија со млад и брз играч кој може да покрие повеќе позиции по крилата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови