Connect with us

Матеј Цветаноски по 244 дена пауза се врати на фудбалскиот терен

Железничар Сараево синоќа ја совлада Слобода Тузла во натпревар од шеснаесетфиналето на Купот на Босна и Херцеговина, а дуелот имаше посебно значење за македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски.

Македонецот доби можност да настапи и да се врати на теренот по пауза од дури 244 дена.

Цветаноски се повреди тешко на крајот од минатата сезона, на натпреварот меѓу Железничар и Слога на „Грбавица“. По еден старт на противнички фудбалер, тој заработи скршеница на ногата, по што следуваше долг период на рехабилитација. Осум месеци подоцна, повторно заигра фудбал.

„Навистина сум среќен што се вратив. Долго го чекав овој момент и зад мене се тешки осум месеци. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот колку што можам. Ми треба малку време повторно да ја достигнам посакуваната форма и да бидам стариот јас, но верувам дека ќе успеам“, порача Цветаноски.

Македонскиот фудбалер досега има одиграно 62 натпревари за Железничар, на кои постигнал 10 гола и забележал 10 асистенции. Тој претходно играше и за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи, Брера, Ѓермот, Партизани…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови