Connect with us

Мастантуоно блесна со хет-трик, Фиорентина конечно победи: Венеција падна со 2-4 (ВИДЕО)

Фиорентина конечно им се израдува на своите навивачи, откако по трите порази на стартот на сезоната стигна до првата победа. Тимот од Фиренца славеше со 2-4 на гостувањето кај Венеција и го напушти дното на табелата.

Херој на победата беше Франко Мастантуоно, кој постигна три гола и практично сам го режираше пресвртот на Фиорентина.

Венеција прва зададе удар. Во 22. минута Адамс од околу 15 метри упати одличен удар и ја затресе мрежата за 1-0.

Сепак, предноста на домаќините траеше само седум минути. Мастантуоно покажа каков шут поседува и со фантастичен удар од околу 17 метри, од десната страна, го погоди поблискиот агол за 1-1.

Венеција практично немаше време ниту да се соземе од израмнувањето. Веднаш по изведувањето на центарот, Фиорентина повторно ја освои топката, а Мастантуоно уште еднаш се најде во идеална позиција.

Аргентинецот повторно шутираше од слична дистанца, но овојпат го погоди спротивниот агол за целосен пресврт и водство на гостите од 1-2.

Фиорентина го контролираше натпреварот и во вториот дел, а во 66. минута стигна и до трет гол. Пелегрино ја продолжи одличната акција по асистенцијата од Фаџоли и зголеми на 1-3.

Конечниот победник беше решен во 84. минута. Мастантуоно комплетираше хет-трик и со својот трет гол на натпреварот зголеми на 1-4.

Венеција две минути подоцна успеа да намали преку Хајнаут, но домаќините немаа доволно време, ниту сили за нов пресврт.

Фиорентина така конечно стигна до првите бодови во сезоната и го препушти последното место токму на Венеција, која по четири одиграни натпревари има четири порази.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови