Connect with us

Маскерано поднесе оставка во Интер Мајами

Tренерот Хавиер Маскерано изненадувачки поднесе оставка од тренерската позиција во Интер Мајами, соопшти официјално клубот од МЛС – лигата. Според соопштението, одлуката на аргентинскиот стратег да замине е донесена од лични причини.


Маскерано, заедно со Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Жорди Алба и останатите, го предводеше Интер Мајами до историска титула во МЛС во изминатата сезона, како и до шампионската титула на Источната конференција.


Под негово водство тимот постигна рекорден број голови во сезоната — вкупно 101 гол во регуларниот дел и плејофот, како и 20 гола во плејофот, што претставува рекорд.

„Сакам да ги известам сите дека поради лични причини одлучив да го прекинам мојот престој како главен тренер на Интер Мајами. Најпрво сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата, на сите вработени за заедничкиот труд, но најмногу на играчите кои овозможија да живееме незаборавни моменти. Им благодарам и на навивачите, бидејќи ништо од ова немаше да биде можно без нив.


Секогаш ќе го носам споменот за нашата прва ѕвезда и каде и да сум ќе му посакувам се најдобро на клубот. Не се сомневам дека Интер Мајами ќе продолжи да постигнува успеси“, изјави Маскерано.


Од клубот соопштија дека и сопственикот Хорхе Мас му се заблагодари на Маскерано, истакнувајќи дека тој засекогаш ќе остане дел од историјата на клубот.


Маскерано го презеде Интер Мајами кон крајот на ноември 2024 година, а заедно со неговиот стручен штаб клубот ќе продолжи под водство на Гиљермо Ојос како привремен тренер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови