Connect with us

Масимо Фереро ќе поднесе оставка во Сампдорија

Претседателот на италијанскиот калчолигаш Сампдорија, Масимо Фереро, е блиску до одлука да поднесе оставка од функцијата по финансискиот скандал поради кој заврши зад решетки, соопшти клубот.

„Со големо чудење дознавме дека мерката притвор против Масимо Фереро е спроведена денеска. Тоа беше барањето на државното обвинителство во врска со настани од пред многу години“, соопшти Сампдорија.

„Меѓутоа, за да ги заштити интересите на другите активности во кои работи, а особено за да избегне какви било шпекулации во врска со Сампдорија и светот на фудбалот, Фереро има намера да ја официјализира својата итна оставка“, се додава во соопштението.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Фереро е уапсен поради наводна финансиска проневера која не е поврзана со клубот.

Тој во интервју за „Република“ пред два дена изјави дека е „уморен“ и дека бара инвеститори кои би можеле да го купат клубот.

Сампдорија моментно е на 15. позиција на табелата во Серија А со 15 освоени бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови