Избран е наследникот на Вилфред Нанси во Селтик до крајот на сезоната. Мартин О’Нил, легендарниот 73-годишен тренер, повторно излезе од пензија за да го преземе кормилото на клубот од Глазгов, нешто што веќе се случи кон крајот на октомври.
Мартин О’Нил веќе еднаш го презеде Селтик како привремена замена за Брендан Роџерс во октомври и оствари шест победи во седум натпревари. По него тимот го презеде Вилфред Нанси, но беше отпуштен овој понеделник по само две победи во осум натпревари.
„Многу сум задоволен и почестен што повторно бев поканет да го водам тимот и едвај чекам повторно да започнам со работа со играчите. Знам дека сите се надевавме работите да се одвиваат поинаку со Вилфред и лично му посакувам сè најдобро. Тој е одличен човек и сигурен сум дека ќе продолжи да реди успеси – во тоа немам никакво сомневање. Во мојот случај, повторно бев поканет да ја заземам оваа престижна позиција и мојот фокус ќе биде да се обидам да го вратам тимот на победничките патеки, доколку е можно. Ќе ни биде потребна поддршката од сите. Сè уште имаме многу на што да се надеваме и многу што можеме да се обидеме да го постигнеме, и ќе дадеме сè од себе за да оствариме што е можно поголем успех за клубот“, изјави Мартин О’Нил.
Мартин О’Нил веќе го има водено Селтик во периодот од сезоната 2000/2001 до 2005/2006. Во својата кариера има работено и во Нотингем Форест, Астон Вила, Лестер, Норич, Вajкoмб Вондерерс, а беше и селектор на репрезентацијата на Ирска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













