Connect with us

Марсијал го пропушта финалето на ФА купот

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, поради повреда ќе го пропушти саботното финале во ФА Купот против Манчестер Сити, соопштија од клубот.


Марсијал се повреди на последниот натпревар на „црвените ѓаволи“ во Премиер – лигата откако влезе како замена против Фулам.

„Антони Марсијал поради повреда ќе остане надвор од тимот за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. Прегледите покажаа дека станува збор за кинење на мускулот што нема да му дозволи да учествува на мечот на Вембли во сабота“, објави Манчестер Јунајтед.

Францускиот фудбалер се мачеше со повреди во текот на целата сезона, кои го ограничија на само 29 настапи во сите натпреварувања, а успеа да постигне девет гола.

Марсијал започна само 11 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови