Марсело Гаљардо има нов предизвик во кариерата. Аргентинскиот стратег е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Еквадор, потврди Фудбалската федерација на оваа јужноамериканска земја.
Гаљардо доаѓа на местото на својот сонародник Себастијан Бекасесе, чиј договор не беше продолжен по елиминацијата на Еквадор од Светското првенство. Еквадорците беа елиминирани во осминафиналето од Мексико, што беше големо разочарување за јавноста, особено поради високите очекувања од селекцијата која има голем број фудбалери што настапуваат во Европа.
Федерацијата веднаш испрати порака до јавноста по ангажманот на новиот селектор.
„Имаме талент, структура и амбиција. Подготвени сме. Нека веруваат луѓето, затоа што имаат сите причини за тоа. Добредојде, Марсело!“, порачаа од федерацијата.
За 50-годишниот Гаљардо ова ќе биде ново поглавје во тренерската кариера. Аргентинецот неодамна го заврши својот втор мандат на клупата на Ривер Плата, каде што се врати во февруари годинава.
Токму со аргентинскиот гигант Гаљардо ги постигна најголемите успеси во кариерата. Во првиот мандат двапати ја освои Копа Либертадорес, а со Ривер Плата освои и голем број други трофеи.
По првата епизода во Ривер Плата, Гаљардо работеше и во Насионал од Монтевидео, како и во саудискиот Ал-Итихад.
Неговиот деби на клупата на Еквадор ќе биде на 24 септември, кога новата селекција ќе има пријателски натпревар против Јужна Кореја.
Од Фудбалската федерација на Еквадор засега не открија на колкав период е потпишан договорот со Гаљардо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













