Марсел Сабицер ќе биде надвор од терените околу четири недели поради повреда на коленото, соопшти Борусија Дортмунд. Германскиот клуб првично стравуваше дека повредата може да биде потешка, но деталните прегледи покажаа дека паузата ќе трае еден месец.
30-годишниот австриски репрезентативец ќе ги пропушти бараж-натпреварите на Австрија против Србија во Лигата на нациите, кои се закажани за четврток и недела.
Сабицер се повреди за време на саботниот пораз на Дортмунд од 0-2 против Лајпциг – клубот во кој настапуваше во минатото. Неговото отсуство е удар за „жолто-црните“, особено откако неодамна се врати во стартниот состав под водство на новиот тренер Нико Ковач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













