Мароканската репрезентација остави одличен впечаток против Бразил, доминираше во голем дел од натпреварот и успеа да остане непоразена, а дуелот заврши без победник, 1-1.
Сепак, најинтересниот момент не беше резултатот, туку еден историски податок. Од 65. минута натаму, Мароко стана првата репрезентација во историјата на Светските првенства што на теренот немаше ниту еден фудбалер роден во сопствената земја.
Во почетниот состав настапи само еден играч роден во Мароко, а по неговото излегување од игра, сите единаесет фудбалери на теренот беа родени во други држави, иако настапуваат за мароканската национална селекција благодарение на своето потекло.
Овој необичен рекорд уште еднаш ја истакнува силната врска на Мароко со својата дијаспора, која со години претставува важен извор на талент за националниот тим.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













