Connect with us

Мароко на пенали ја елиминира Нигерија за финале на АКН

Мароко е вториот финалист на Африканскиот Куп на Нации, откако по голема драма ја совлада селекцијата на Нигерија по изведување пенали и обезбеди дуел против актуелниот шампион Сенегал.


По 120 минути игра немаше голови, а победникот беше решен од белата точка, каде што мароканските фудбалери покажаа поголема смиреност и ја продолжија импресивната серија без пораз на 23 натпревари.

Клучниот момент се случи во четвртата серија, кога Ашраф Хакими погоди за Мароко, додека Онијемачи промаши за Нигерија, а Јусуф Ен-Несири ја реализираше петтата серија за конечна победа од 4-2 по пенали.


Мароканците ќе се борат за континенталната титула против Сенегал во финале кое ветува голем спектакл.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови