Connect with us

Марко Стојилевски потпиша за Смедерево

Македонскиот младински репрезентативец Марко Стојилевски направи важен чекор во својата кариера и за првпат ќе настапува надвор од Македонија. Досегашниот фудбалер на Брера официјално е нов член на Смедерево.

Младиот десен бек важи за еден од најперспективните македонски фудбалери на својата позиција. И покрај младоста, зад себе веќе има солидно прволигашко искуство и континуирани настапи на највисоко домашно ниво.

Стојилевски е производ на младинската школа на Вардар, а потоа кариерата ја продолжи во Брера, каде што се афирмираше како стандарден првотимец.

Во дресот на младинските селекции на Македонија има одиграно повеќе од 30 официјални натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови