Младинскиот репрезентативец Марко Ѓоргевски е најновото засилување што денеска го претстави фудбалскиот вицепрвак Шкупи кој интензивно работи на комплетирање на составот за претстојните европедизвици, но и за новиот домашен шампионат.
Ѓорѓевски кој е играч на Вождовац ,а во минатата сезона настапуваше за Раднички Пирот, во Шкупи доаѓа на едногодишна позајмица.
„Дојдов во Шкупи затоа што навистина е голем клуб. За овие пет дена колку што сум тука, навистина можам да кажам дека сум прифатен многу добро и мислам дека наскоро ќе напредувам и ќе го дадам најдоброто што можам за да ја оправдам дадената доверба. Сакам да истакнам дека сум многу добро прифатен од сите мои соиграчи и од стручниот штаб и верувам дека ќе ја оправдам дадената доверба. Се надевам дека ќе имаме голем успех во европските натпреварувања и во домашниот шампионат во кој же се обидеме да ја освоиме титулата“ – рече Ѓорѓиевски на промоцијата.
Шкупи ги продолжува подготвките во Охрид.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski