Шкендија доби големо засилување во нападот. Македонскиот голгетер Марко Ѓорѓиевски и официјално стави потпис на двегодишен договор со тетовскиот клуб, а по промоцијата не го криеше задоволството што кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот македонски вицешампион.
Во интервју за клупскиот канал, Ѓорѓиевски откри дека токму огромната поддршка од навивачите на Шкендија имала големо влијание врз неговата конечна одлука. Според него, бројните пораки и интересот од симпатизерите му покажале колку клубот е ценет и колкави очекувања имаат од него.
„Искрено, никогаш во кариерата не сум почувствувал ваква поддршка. Од ниту еден клуб каде што сум играл не сум добил толку многу пораки од навивачи. Тоа ми значеше многу и ме направи среќен. Се надевам дека ќе им возвратам со добри игри и голови“, изјави Ѓорѓиевски.
Новиот напаѓач на тетовци откри дека навивачите на Шкендија подолго време го контактирале, но дека интензитетот на пораките се зголемил во периодот пред официјализацијата на трансферот.
„Луѓето секојдневно ми пишуваа, ме убедуваа да дојдам и ми покажаа колку сакаат да ме видат во дресот на Шкендија. Тоа беше еден од факторите што многу влијаеше врз мојата одлука. Кога видов колкава е желбата, немав дилема да го прифатам овој предизвик“, додаде тој.
Ѓорѓиевски смета дека преминот во Шкендија е логичен чекор во неговата кариера, бидејќи амбициите на клубот се совпаѓаат со неговите лични цели.
„Шкендија е еден од најголемите клубови во Македонија. Се работи за клуб со големи амбиции и јас доаѓам тука со желба да освојувам трофеи. Сакам заедно да направиме големи работи и да ги израдуваме навивачите“, порача македонскиот фудбалер.
Тој откри дека можел да се пресели во Тетово уште минатото лето, но тогаш се решил за трансфер во романскиот Клуж. Сепак, по враќањето во македонскиот фудбал, Ѓорѓиевски има само позитивни зборови за организацијата и сериозноста на Шкендија.
„Клуж е голем клуб со традиција, но Шкендија е клуб кој е одлично организиран. По успесите против ФЦСБ, во Романија почнаа многу повеќе да го почитуваат името на Шкендија. Тоа покажува дека клубот има сериозен европски углед“, истакна тој.
За новата сезона, Ѓорѓиевски постави високи цели – тимски успех и лична афирмација.
„Мојата цел е Шкендија да стане шампион, а јас да помогнам со голови. Би сакал да бидам најдобар стрелец во првенството, но најважно е тимот да ги оствари своите цели. Верувам дека со заедничка работа можеме да стигнеме до трофеи“, заврши Ѓорѓиевски.
Марко Ѓорѓиевски во Шкендија пристигнува како еден од најдобрите напаѓачи во македонскиот фудбал. Претходно блескаше во дресот на Силекс, каде што беше најдобар стрелец во ПМФЛ, а настапуваше и за Брера, Шкупи, Борец и Вардар. Има и интернационално искуство од Србија со Вождовац и Раднички Пирот, како и од романскиот фудбал со Херманштат.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













