Connect with us

„Марка“: Бензема ќе остане во Реал Мадрид

Карим Бензема нема да си замине од Реал Мадрид, ќе остане и во следната сезона и ќе го исполни ветеното кон Флорентино Перез. Тие двајца имаат договор Французинот да остане уште една година, иако не е официјално потпишан. Тоа требаше да се случи по завршувањето на сезоната, но одеднаш се појавија информации дека Бензема ја прифатил фантастичната понуда од Ал-Итихад, кој му нуди 400 милиони евра за две сезони.

Бензема долго молчеше, а денеска се појави на церемонијата на „Марка“ која го просласи за спортска легенда.

„Луѓето пишуваат на интернет, но тоа е далку од реалноста. Јас сум овде во Мадрид, зошто треба да зборувам нешто околу мојата иднина? Во овој клуб сум од дете, и вечно ќе му бидам благодарен на Флорентино Перез што ме доведе. Имаме уште еден натпревар, а потоа ќе зборуваме со претседателот“, изјави Бензема.

Вечерва „Марка“ објави ексклузивно дека Карим Бензема ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови