Connect with us

Марк Кукуреља ќе го засили Реал Мадрид, на барање на Жозе Мурињо

Марк Кукуреља ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид, објави познатиот италијански трансфер-инсајдер Фабрицио Романо. Шпанскиот репрезентативец ќе го напушти Челси и по завршувањето на Светското првенство ќе се пресели во Мадрид, а Реал ќе ја активира откупната клаузула во вредност од 50 милиони евра.

Договорот бил постигнат ненадејно и без претходни најави, а Романо веќе го потврди со својата препознатлива фраза „Here we go“, што вообичаено значи дека трансферот е практично завршена работа.


Според информациите, веќе постои договор меѓу сите вклучени страни. Наводно, Кукуреља бил желба на Жозе Мурињо за позицијата лев бек.

Доаѓањето на Кукуреља би претставувало значително засилување за Реал Мадрид. Станува збор за еден од клучните играчи и во Челси и во шпанската репрезентација, а со неговиот ангажман мадридскиот клуб би добил проверено и квалитетно решение на левата страна од одбраната.

Кукуреља пристигна во Челси во 2022 година од Брајтон во трансфер вреден 65 милиони евра. Оттогаш одигра 163 натпревари за лондонскиот клуб, постигна девет голови и забележа 13 асистенции.

За репрезентацијата на Шпанија има 24 настапи и моментално се подготвува за Светското првенство, со надеж дека ќе го повтори успехот од последното Европско првенство, кое „црвената фурија“ го освои.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови