Една од младите надежи на Барселона, Марк Касадо, сè повеќе се поврзува со можен трансфер во летниот преоден рок.
Според информациите, агентот на играчот Жорге Мендеш веќе активно работи на пронаоѓање нов клуб за 22-годишниот шпански фудбалер, кој не успеа целосно да се наметне во првиот тим на каталонците.
Интерес за Касадо постои од повеќе европски клубови, а не се исклучува ниту можност за трансфер во Саудиска Арабија. Конечната одлука, сепак, ќе ја донесе самиот фудбалер, додека Барселона е подготвена да ги разгледа сите понуди.
Во изминатата сезона, Касадо забележа 34 настапи во сите натпреварувања, при што имаше ограничена улога и не успеа да стане стандарден првотимец.
Можното заминување би можело да му отвори простор за поголема минутажа и поважна улога во нова средина, каде би имал повеќе простор за развој и континуитет во играта.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













