Македонскиот дефанзивец Марио Младеновски ја продолжи соработката со Вараждин и според новиот договор ќе остане во хрватскиот клуб до 31 мај 2029 година.
Вараждин со овој потег јасно стави до знаење дека сериозно смета на 25-годишниот стопер, кој во клубот пристигна во летото 2024 година и во изминатиот период успеа да се наметне како еден од важните играчи во одбранбената линија.
Младеновски има одличен старт на новата сезона, бидејќи на првите четири првенствени натпревари веќе двапати се запиша во листата на стрелците. Учиникот е уште позначаен ако се има предвид дека станува збор за централен дефанзивец.
Во досегашната кариера, Младеновски го носеше дресот на Вардар, Фремад Амагер, Ботев Пловдив, Македонија ЃП и Шкупи, а има и настапи за македонската репрезентација.
Продолжувањето на договорот претставува потврда за довербата која Вараждин ја има во македонскиот стопер, кој во наредните години ќе биде дел од плановите на хрватскиот прволигаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













