Марио Илиевски беше во одличен ритам во изминатиот период, редовно ги тресеше мрежите за Приштина и важеше за еден од најопасните напаѓачи во тимот. Сепак, неговата серија беше прекината поради повреда на Ахиловата тетива, по што мораше да оди на хируршки зафат. Операцијата помина во најдобар ред, без компликации, а напаѓачот веќе се чувствува стабилно и започнува со процесот на опоравување.
Поддршката не изостана, клупските луѓе го посетија во болница и му дадоа морална поддршка, посакувајќи му брзо закрепнување и враќање на терените. Сепак, пред него е подолг период надвор од игра, со прогнози дека ќе паузира најмалку шест месеци.
Откако пристигна меѓу „бело-сините“ минатото лето, Илиевски брзо се наметна како важен фактор во нападот. Со ефект од 14 голови и пет асистенции на 31 натпревар, неговото влијание врз играта на Приштина е повеќе од очигледно.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













