Легендарниот германски голман Мануел Нојер уште еднаш испиша историја на светските првенства. Искусниот чувар на мрежата беше стартер во убедливата победа на Германија од 7-1 против Курасао и притоа урна неколку значајни рекорди.
На возраст од 40 години, два месеци и 19 дена, Нојер стана највозрасниот фудбалер кој настапил за Германија на едно Светско првенство. Воедно, ова е негов петти мундијал во кариерата, достигнување со кое се израмни со легендарниот Лотар Матеус, кој досега беше единствениот германски репрезентативец со настапи на пет светски шампионати.
Натпреварот против Курасао беше и негов 20-ти на мундијалите, со што се израмни со Хуго Лорис на врвот на вечната листа за најмногу одиграни натпревари на Светско првенство меѓу голманите.
Нојер веќе на следниот натпревар против Брегот на Слоновата Коска има можност самостојно да го преземе рекордот и уште еднаш да го потврди својот статус на еден од најголемите голмани во историјата на фудбалот.
Единствената дамка на неговиот јубилеен настап беше примениот гол против Курасао, поради кој не успеа да ја зачува својата мрежа недопрена. Сепак, тоа не го засени уште едно историско попладне за германската легенда, која продолжува да ги поместува границите и во петтата деценија од животот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













