Connect with us

Маневски успешно опериран, камбек за околу еден месец

Михаил Маневски, стандардниот член на одбраната на Вардар, успешно ја мина оперативната интервенција поради проблеми со препоните. По зафатот, левиот бек се чувствува добро и со оптимизам гледа кон процесот на рехабилитација, со желба што побрзо повторно да се врати на фудбалските терени. Сепак, извесно е дека еден од најквалитетните леви бекови во ПМФЛ ќе биде надвор од строј најмалку еден месец.

Ова претставува сериозен хендикеп за „црвено-црните“, па тренерот Гоце Седлоски, кој во почетниот дел од пролетната полусезона ќе мора да бара алтернативни решенија на левата бековска позиција.

Есенскиот лидер Вардар во среда со почеток од 13 часот на комплексот на ФФМ ќе го одигра првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната, против тимот на Арсими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови