Connect with us

Мане стана најплатен африкански фудбалер, а тоа ја буди желбата за трансфер и кај Салах

Садио Мане се пресели во Баерн Минхен, а „Билд“ откри дека Сенегалецот во претстојната сезона ќе заработи 19,8 милиони евра бруто, со што ќе биде втор најплатен играч во тимот зад Роберт Левандовски. Можеби и најдоброплатен, со оглед дека Полјакот сака да замине од Минхен и да се пресели во Барселона.


Интересно, со таа плата Мане станува најплатениот африкански фудбалер и тоа дополнително создава притисок врз Ливерпул. Сега Мохамед Салах размислува за трансфер или за зголемување на платата во Ливерпул иако влегува во последната година од договорот на „Енфилд“.

Баерн Минхен беше клуб познат по одлична финансиска распределба во соблекувалната, но сега Мане како ново име веднаш ги прескокна Томас Милер и Мануел Нојер.

Ливерпул и Салах се уште се далеку од нов договор, па затоа се шпекулира дека Египќанецот ќе го напушти клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови