МАКФУДБАЛ во Палермо,
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини беше буквално во шок по исходот на пресметката со Македонија. На прес конференцијата тешко наоѓаше зборови за објаснување.
„Не знам што да кажам, ова е многу повеќе од разочарување, вечерва се случи нешто неверојатно. Заслуживме да победиме, да бидеме на СП, но среќата денеска не беше на наша страна. Многу ми е жал за играчите, кои се во шок во соблекувалната. Освојувањето на ЕВРО 2020 ми беше врв на кариерата, но ова денеска без конкуренција ми е најголемото разочарување“ – рече Манчини.
Манчини одби да ја коментира неговата иднина на селекторската позиција.
„Сега не е момент да се зборува за мојата иднина, бидејќи разочарувањето е преголемо. Сите сме во шок, има време кога ќе се размислува и ќе се дискутира на оваа тема. Во едно сум сигурен, пред оваа генерација на италијанската репрезентација е светла иднина“ – вели селекторот на европскиот првак.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski