Connect with us

Манчини го напушти Ал-Сад и чека промоција на клупата на Италија

Трофејниот италијански стручњак Роберто Манчини, треба да биде именуван за нов селектор на „аѕурите“.

Манчини го напушта Ал-Сад и веќе ги прифатил сите услови што му биле понудени за да се врати на жешката клупа на Италија.

Доколку договорот биде официјализиран, тоа ќе претставува враќање на Манчини на кормилото на италијанската репрезентација, со која во 2021 година го освои Европско првенство 2020, еден од најголемите успеси во неговата тренерска кариера.

Италија се наоѓа во тежок период, откако третпат по ред не успеа да се пласира на Светското првенство 2026.

Последниот голем удар за италијанскиот фудбал дојде во март оваа година, кога „аѕурите“ беа поразени од Босна и Херцеговина во финалето на баражот за пласман на Мундијалот. Претходно, исто им го стори и Македонија во Палермо.

Поради тоа, во Италија владее убедување дека е потребен искусен и докажан селектор кој ќе ја врати репрезентацијата на победничките патеки, а Манчини се смета за идеално решение поради неговото претходно успешно работење со националниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови