Манчестер Сити обезбеди ново финале во ФА Купот со сигурна победа од 2-0 против Нотингем Форест на „Вембли“. Избраниците на Пеп Гвардиола доминираа од самиот почеток и со по еден погодок на стартот на двете полувремиња без проблеми си ја завршија задачата.
Рано во втората минута, Рико Луис донесе водство за Сити по прецизно проигрување од Матео Ковачиќ. Младиот дефанзивец од работ на шеснаесетникот со прецизен удар го совлада голманот на Форест и ја отвори средбата на најдобар можен начин.
Иако Сити ја диктираше играта до крајот на првиот дел, резултатот остана непроменет. На почетокот на второто полувреме, „граѓаните“ го удвоија водството: по одличен центаршут на Омар Мармуш од корнер, Јошко Гвардиол највисоко скокна и со удар со глава го запечати триумфот.
Во продолжението на мечот, Сити мудро го одржа предноста и рутински го приведе дуелот кон крај. Во финалето ќе се соочат со Кристал Палас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













