Манчестер Сити би можел да се соочи со дополнителен проблем во обидот да ја оспори одлуката за финансиските малверзации во Премиер – лигата. Причината е изјава на еден од најзначајните комерцијални партнери на клубот – авиокомпанијата „Етихад ервејс“.
Според информациите на „Сан“, компанијата во 2015 година пред американските власти тврдела дека сама го финансирала спонзорскиот договор со Манчестер Сити. Таквиот став би можел да биде особено важен во жалбената постапка, бидејќи се коси со една од аргументациските линии на кои клубот би можел да се потпре.
Сити ги оспорува наодите според кои околу 830 милиони фунти од спонзорските приходи во периодот од 2009 до 2018 година всушност биле обезбедени од сопствениците на клубот, а не од комерцијалните партнери.
Токму „Етихад“ во документ доставен до американските министерства за трговија, транспорт и надворешни работи во мај 2015 година ги отфрлила тврдењата дека Владата на Абу Даби ги финансирала спонзорските активности на Манчестер Сити. Компанијата тогаш навела дека средствата за договорот биле обезбедени од нејзината сопствена ликвидност.
Независната комисија на Премиер – лигата претходно утврди дека Манчестер Сити прекршил повеќе финансиски правила во период од девет сезони. Според заклучоците на комисијата, клубот користел комерцијални договори чија вредност била вештачки зголемувана со цел да се прикажат поголеми приходи.
„Граѓаните“ категорично ги отфрлаат обвинувањата и веќе поднесоа жалба, тврдејќи дека одлуката содржи сериозни грешки како во правниот, така и во фактичкиот дел.
Во целата ситуација се огласи и „Етихад“. Авиокомпанијата ја критикуваше Премиер – лигата што во текот на постапката не го побарала нејзиниот став, додека истовремено ги отфрли сите сомнежи за неправилности во комерцијалните договори со Манчестер Сити.
Од „Етихад“ дополнително порачаа дека го задржуваат правото да преземат правни мерки, што може дополнително да ја усложни веќе комплексната правна битка околу случајот на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













