Раководството на Манчестер Сити донело одлука да се повлече од трката за потписот на германскиот плејмејкер Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, пренесува „Дејли Мејл“. Иако Вирц неодамна патувал во Англија и остварил средби со претставници на Сити и Ливерпул, каде биле дискутирани конкретни финансиски детали за потенцијален трансфер, „граѓаните“ одлучиле да се повлечат по состанокот на „Етихад“ и да се фокусираат на други цели.
Според медиумските шпекулации, трансферната сума за 22-годишниот офанзивен играч би можела да достигне и до 126 милиони фунти. Манчестер Сити веќе има искуство со вакви случаи – пример е неуспешниот обид да го донесат Хари Кејн од Тотенхем во 2021 година, кога лондонскиот тим бараше 150 милиони фунти.
Вирц одигра фантастична сезона за баер Леверкузен, постигнувајќи 16 голови и 15 асистенции во сите натпреварувања, и беше клучен дел од тимот на Чаби Алонсо кој ја донесе првата титула во Бундеслигата за „аспирините“. Тој има договор со клубот до летото 2027 година и веќе има 29 настапи за германската репрезентација.
Ливерпул и Баерн Минхен сега се сметаат за главни фаворити за неговиот потпис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













