Connect with us

Манчестер Сити сака да го доведе Мало Густо на „Етихад“

Неуспехот да се обезбеди место во европските натпреварувања за следната сезона би можел да го принуди Челси на значајни промени во играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок.

Според најавите од англиските медиуми, меѓу фудбалерите кои би можеле да го напуштат „Стемфорд Бриџ“ е и францускиот десен бек Мало Густо. Иако најголемото внимание е насочено кон можната продажба на Енцо Фернандес, раководството на клубот е подготвено да разгледа понуди и за други играчи.

Францускиот весник „Л’ Екип“ пренесува дека Манчестер Сити веќе стапил во контакт со Челси во врска со евентуален трансфер на 23-годишниот дефанзивец.

Интересот за Густо наводно доаѓа поради можноста поранешниот тренер на Челси, Енцо Мареска, да седне на клупата на „граѓаните“ по заминувањето на Пеп Гвардиола. Италијанскиот стратег добро ги познава квалитетите на францускиот репрезентативец и би сакал повторно да соработува со него.

Во изминатата сезона Густо забележа 49 настапи во сите натпреварувања за Челси, при што водеше голема битка за место во стартниот состав со капитенот Рис Џејмс, кој повторно се соочуваше со проблеми со повреди.

Во репрезентацијата на Франција, пак, Густо моментално ја има улогата на алтернатива за стандардниот десен бек Жил Кунде во составот на селекторот Дидие Дешамп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови