Раководството на Манчестер Сити ќе започне преговори за иднината на менаџерот Пеп Гвардиола, чиј договор истекува за една година. Претседателот на „граѓаните“ Калдун Ал Мубарак изјави дека во разговорите двете страни ќе се обидат да го најдат „вистинското решение“.
По завршувањето на сезоната во која Сити ја освои четвртата последователна титула, Гвардиола изјави дека е „поблиску до заминување“, отколку да го обнови договорот со клубот.
„Овој разговор сме го имале многупати. Пеп отсекогаш бил целосно посветен на овој клуб, целосно посветен на секој договор што го потпишал со нас. Одлуката за неговата иднина отсекогаш била одлука што ќе ја донесеме заедно. Не се сомневам дека, како што секогаш правевме, ќе го најдеме вистинското решение и за Пеп и за нас“, рече Ал Мубарак.
„Тешко ми е да опишам што ѝ даде Пеп на оваа организација, на овој клуб. Можете да ги видите сите рекорди, тој ги постави речиси сите рекорди. Тоа се рекорди кои мислам дека некој многу тешко ќе ги собори или подобри“, додаде тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













