Connect with us

Манчестер Сити и Њукасл ќе мораат да добијат други сопственици во Премиер – лигата?

Манчестер Сити и Њукасл можеби ќе мора да бараат нови сопственици доколку биде усвоен новиот закон за управување со фудбалот во Англија. Законот содржи амандман кој би ги лишил од лиценца клубовите кои се во сопственост на држави.


Во оваа категорија спаѓаат Манчестер Сити и Њукасл, кои се под контрола на Обединетите Арапски Емирати и Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија.

Законот има за цел да создаде независен регулатор за фудбалот и моментално е во фаза на разгледување од страна на комисија во Домот на лордовите.


Предлогот е од лорд Басам од Лабуристичката партија, а според „Тајмс“, доколку биде усвоен, сопствениците на Манчестер Сити и Њукасл ќе мора да ги продадат своите акции.
Британскиот весник наведува дека некои клубови од Премиер – лигата ја поддржуваат оваа идеја.

Главната цел на законот е да обезбеди поголема заштита на клубовите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови