Премиер – лигата навлегува во својата решавачка фаза, а 33. коло го носи дуелот што го очекува цела Англија. На стадионот „Етихад“, Манчестер Сити го пречекува лидерот Арсенал во натпревар со огромно значење за титулата.
Во моментов, „топчиите“ се на првото место со 70 бодови од 32 одиграни натпревари. Манчестер Сити е веднаш зад нив на втората позиција со 64 бодови, но и со еден натпревар помалку. Победа на домаќините би ја намалила разликата до психолошки минимум, додека триумф за лондончани би им донел сериозна предност во завршницата од сезоната.
Сити влегува во овој дуел во одлична форма на домашна сцена. Во последните натпревари во првенството и ФА купот забележа убедливи победи – 3-0 против Челси и 4-0 против Ливерпул. Иако испадна од Лигата на шампионите по поразот од Реал Мадрид, тимот на Пеп Гвардиола останува стабилен и дополнително го освои Карабао купот токму против Арсенал, што им дава и психолошка предност.
Од друга страна, Арсенал покажува знаци на пад во форма во најлош можен момент. Во последните пет натпревари има само една победа, а во Премиер – лигата загуби од Борнмут со 1-2. Тимот на Микел Артета ќе мора брзо да го врати ритамот ако сака да остане во трката за титулата.
Историјата на меѓусебните дуели оваа сезона е израмнета и драматична. Сити го доби финалето на Карабао купот со 2-0, додека Арсенал претходно славеше убедливо со 5-1. Во директните пресметки, Гвардиола има предност над својот поранешен асистент Артета, но Арсенал во последните сезони знае како да му парира на шампионот.
Главното оружје на Сити е Ерлинг Халанд, кој продолжува да ги тероризира противничките одбрани со голови, додека кај Арсенал најголема закана е Виктор Ѓокереш.
Гвардиола има сериозни проблеми во одбраната – Рубен Дијаш и Јошко Гвардиол се повредени, а Џон Стоунс е под знак прашалник. Кај Арсенал, ситуацијата исто така е тешка: Букајо Сака, Мартин Одегард и неколку други клучни играчи се неизвесни или надвор од составот, што може да го принуди Артета на сериозни промени.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













